За Нас

ОД НАШАТА ФАРМА ДО ВАШАТА ТРПЕЗА

Посветеност. Квалитет. Доверба. Ова се темелите над кои се основа РИМЕС. Предводени од професионален тим, настојуваме со современото производство, европска технологија, искуство и стручност да Ви ги обезбедиме највкусните месни производи во Македонија. Примената на НАССР стандардот е само показател за увереноста која сакаме да Ви ја пружиме преку нашето производство. Со преку 20 месарници низ цела Македонија, производите на РИМЕС Ви се лесно достапни. Посетете нѐ и запознајте се со посветеноста на вработените во месарниците на РИМЕС и уживајте во квалитетното месо и месни производи. 

МИСИЈА

Континуирано обезбедување на квалитетно и вкусно месо и месни производи кое ќе Ве задоволи Вас и Вашето семејство. За нас во РИМЕС, сите задоволни клиенти претставуваат мотив за напредок, усовршување на производството, како и создавање на бренд кој значи квалитет и вкус. Нашата цел е Вашата трпеза да ја збогатиме со висококвалитетни и здравствено безбедни месни производи, за кои ќе говорат и идните генерации. 

ВИЗИЈА

Препознатливост и уживање во традиционалниот вкус на РИМЕС, како и продолжување на приказната врз која се темели нашата работа. Потребата за квалитетно месо и месни производи е наша одредница за иднината, а насмевките кај нашите задоволни потрошувачи ни претставуваат чест и задоволство.